Протест во Аеродром против загадувањето од Вардариште / Фото: Драган Митрески

Граѓаните повторно на протест против Вардариште: Партиските разлики да не бидат пречка за решавање на овој сериозен проблем

Граѓаните од Ново Лисиче и Аеродром утрово по 27-ти пат ја блокираа крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, барајќи од надлежните конечно да го решат проблемот со депонијата Вардариште. Иако уредно поканети, ниту една институција не испрати претставници.

На собирот се појави единствено в.д. градоначалникот на Општина Аеродром и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески. Тој вети поддршка и најави мерки за отстранување на кабастиот отпад и контрола од МВР, но неговиот одговор не ги задоволи граѓаните.

Од иницијативата „Стоп за Вардариште“ реагираа дека партиските разлики не смеат да бидат пречка за решавање на овој сериозен проблем. Тие нагласија дека депонијата останува без ограда, со отпад и недоволно обезбедување, а институциите немаат понудено никакви конкретни решенија.

За вечерва во 18 часот е најавен нов протест, а организаторите предупредуваат дека ако нема институционален одговор, блокадите ќе продолжат и ќе се засилат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот