Граѓаните збунети од новата верзија на апликацијата „Мој ДДВ“

УЈП уверува: Нема донирање на повратот на ДДВ без јасна потврда.

Многу граѓани деновиве реагираа во однос на можноста да се откажат од повратот на данокот на додадена вредност, велејќи дека апликацијата не е јасна и дека стравуваат оти без да сакаат, повратот нема да им биде вратен.

– Јасно слушнав дека кажаа оние што сакаат да донираат дека треба да стиснат на полето каде пишува „донирам“, а оние кои не сакат да ја стиснат опцијата: „Не, благодарам“. Но таква опција нема – вели една наша сограѓанка која се обрати во нашата редакција.

Слични реакции има и на социјалните мрежи, а од УЈП потврдија и дека до нив стигнале рекации од грѓани кои биле во недоумица дали секое скенирање значи и автоматско донирање на износот.

Од УЈП велат дека донирањето е доброволно, дека апликацијата е лесна и дека без потврда за донирање, граѓаните ќе си ги добијат парите на својата сметка.

– Опцијата за донација беше воведена со цел да им се овозможи на оние граѓани кои сакаат да донираат за борба против ковид -19, истото да го направат на многу брз, лесен и едноставен начин. Многу граѓани бараа од Управата за јавни приходи преку оваа апликација да им се овозможи опција за донација за да го донираат својот поврат. Изминатите денови се соочивме со реакции дека ова е задолжителна опција и дека секој кој скенира ќе треба да донира. Затоа уште еднаш потенцираме дека, оваа опција не е задолжителна и е наменета за оние кои се заинтересирани за донација, а не за сите корисници на апликацијата.  Полето за донации е изборно, а не задолжително – велат за „Слободен печат“ пд УЈП.

 

 

 

Но, она што направи најмногу забуна е каде е таа опција: „Не благодарам“. Од УЈП ни појаснија дека таа ќе се појави ако се стисне „Скенирам и донирам“, потоа апликацијата уште еднаш ќе го праша корисникот дали е сигурен со тоа што ќе му даде можност да избира: „Да, го донирам мојот поврат на ДДВ“, или „Не, благодарам“.

Значи, сите оние што сакат да донираат треба да ги следат чекорите што ќе се јават откако при првото отворање на апликацијата ќе ја стиснат опцијата „Скенирам и донирам“, додека другите, како и досега си ги скенират сметките, со истото прозорче „Скенирај сметка“.

-На сите оние кои не влегле во полето „Скенирам и донирам“, односно влегле и се изјасниле со „Не, благодарам“,  ќе им се исплатат паричните средства од „Мој ДДВ“ започнувајќи од 6 мај 2020 година – велат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот