Градските советници едногласно го осудија насилството врз градоначалничката

Декларација за осуда на насилство врз институцијата градоначалник, насилство над жените и за почитување на законските мерки и процедури од надлежните органи, предложена од советничката група на СДСМ и коалицијата, на денешната седница на Советот на Град Скопје беше едногласно прифатена од сите советници.

Ја осудуваме секоја форма на насилство насочена кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон личноста што ја извршува оваа функција без разлика на нејзиниот пол, а особено насилството кон градоначалничката како жена што претставува двоен напад, врз институцијата и врз достоинството и безбедноста на жените во јавниот живот. Го осудуваме секое непочитување на законските процедури и механизми утврдени заради обезбедување ред, правда и безбедност на сите граѓани и функционери. Ги повикуваме надлежните органи да постапат согласно на нивните законски ингеренции, да ги истражат сите случаи на закани и притисоци насочени кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон градоначалникот како жена, да утврдат факти и да обезбедат целосна заштита – се вели меѓу другото во изгласаната декларација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот