Томислав Томашевиќ, градоначалник на Загреб/Фото: Скриншот

Градоначалникот на Загреб за лажната дојава за бомба: Само уште ова ни требаше, мора да се најде таа будала

Полицијата во Загреб денеска доби дојава за две бомби во трговскиот Арена центар. Претресот во трговскиот центар се уште трае, а изјава за медиумите по тој повод даде градоначалникот Томислав Томашевиќ.

„Досега се прегледани околу половина од просториите, гаражите, кината, поголемите продавници. Луѓето кои ги оставија возилата во гаражата чекореа полека еден по еден. Едно куче го напушти објектот, друго се уште бара“, рече Томашевиќ.

Вели дека досега не е пронајдено ништо.

-Се надевам дека нема да биде пронајдена никаква експлозивна направа. Досега не е пронајдена, но според протоколот, кога станува збор за таква пријава, полицијата е должна да реагира и да направи преглед. Ако се утврди дека станува збор за лажна пријава, очекуваме таа будала која танцува но нервите на граѓаните на Загреб полицијата да ја улови и да ја приведе по закон“; рече Томашевиќ.

Тој истакна дека Загреб е безбеден град кога се гледаат безбедносните извештаи и споредбите со другите европски метрополи и не е вообичаено да доаѓаат такви извештаи за бомби.

„Луѓето се со слаби нерви, војната е во Украина, авион се урна сред град, само уште вакви  работи ни требаат“, рече Томашевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот