Градоначалникот на Тирана позитивен на коронавирусот

Прв брзо закрепнување на Велиај му посака претседателот Илир Мета, кој побара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со пандемијата.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, на социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.

Во објавата тој  тврди дека и покрај сите мерки што ги преземал за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу него, сепак, не успеал да се заштити од Ковид -19.

Велиај посочи дека е во добра здравствена состојба, а од денеска ќе продолжи да работи со истата посветеност од дома.

„Пријатели, тестот што го направив, денеска бев известен дека го потврдил присуството на вирусот. Јас сум во добра здравствена состојба, како и моето семејство. Но, од денеска ќе продолжам да работам со истата посветеност за Тирана од дома. Никој од нас не е имун на овој вирус, затоа Ве молам, не заборавајте да ги миете рацете што е можно почесто и да носите маска за да се заштитите себе си и вашето семејство колку што е можно. Ви посакувам се најдобро за вашите семејства. Здравје и љубов на сите и длабока благодарност до лекарите херои.  Ќе се видиме повторно”, напиша Велиај.

Прв брзо закрепнување на Велиај му посака претседателот Илир Мета, кој побара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со пандемијата.

Преку порака на Фејсбук, Мета потенцира дека „загрижувачкото темпо на зголемување на случаите на погодени граѓани, за жал, и на бројот на жртви, бара поефикасна и транспарентна стратегија за справување со сериозните последици од оваа опасна пандемија”,напиша Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот