Градоначалникот на Могадишу почина во болница по терористички напад

Градоначалникот на сомалискиот главен град Могадишу денеска почина откако беше повреден во терористички напад пред десетина дена.

Информацијата за смртта на Омар Осман ја потврди и сомалиската Влада.

Во самоубиствениот напад врз канцеларијата на градоначалникот извршен на 24 јули загинаа најмалку шест луѓе, а шестмина беа  повредени, меѓу кои и градоначалникот. Нападот го изврши бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот што го имал на себе во Канцеларијата на Одман.

Одговорност за терористичкиот напад презеде групата Ал Шабааб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот