Фото: Градски паркинг

Град Скопје се „разбуди“ за колите паркирани во паркот „Ибни Пајко“, казнети 11 возачи

Стручните служби од Сектор пајак на ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со надлежните од Град Скопје денеска отстранија 11 непрописно паркирани возила во паркот Ибни Пајко.

Потегот доаѓа откако медиумите објавија дека патеката околу паркот, кој беше уреден пред неколку години, повторно масовно се користи како паркиралиште.

-Апелираме до граѓаните да не паркираат на јавни и зелени површини. По сите непрописно паркирани возила ќе биде соодветно постапено од страна на службите на претпријатието во соработка со Град Скопје и службите од локалната самоуправа, информира прес-службата на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот