Фото: Град Скопје

Град Скопје откри незаконско одложување на медицински отпад – следува казна за сторителите

Град Скопје на својата фејсбук-страница објави дека нивните комунални редари откриле незаконско одложување на медицински отпад.

– Комуналните редари на Град Скопје при вршење на своите надлежности, открија незаконско одложување на медициски отпад од страна на РЕ-МЕДИКА и ПЗУ ДИАМЕД кои отпадот го одложуваат во контејнери кои се наменети за отпад од домаќинствата – пишува во објавата.

Тие додаваат дека за наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој состави Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направи фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот