Град Скопје нема да толерира непрописно паркирање на дипломатските возила

Градот Скопје ги информирал сите претставништва на странски држави во нашата земја дека своите службени возила треба да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг места во градот, потенцирајќи дека во спротивно возилата со дипломатски таблички ќе имаат ист третман од ЈП „Градски паркинг”, како и сите други непрописно паркирани возила.

Одделението за односи со јавноста на Град Скопје информира дека во изминатиов период, скопскиот градоначалник неколкупати писмено се обраќаше до амбасадите кои не ги почитуваат прописите за паркирање со потсетување дека своите службени возила треба да ги паркираат на површини означени како паркиралишта.

– Контролорите на ЈП „Градски паркинг” секојдневно се соочуваат со непрописно паркирани возила со дипломатски таблички. Град Скопје стои на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи. Дипломатските возила треба да бидат уредно паркирани и притоа да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот, ниту да го попречуваат движењето на пешаците и  на велосипедистите, се наведува во соопштението.

Градот Скопје апелира сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот