фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Готово: Ињиго Мартинез ќе биде нов играч на Барса

Барселона ги има сите документи да го обезбеди потписот на Ињиго Мартинез за сезоната 2023/2024, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Уште од март годинава почнаа најавите дека 31-годишниот централен бек прифати да игра за каталонскиот гигант како слободен агент.

Откако ќе бидат завршени лекарските прегледи, на крајот од тековната сезона официјално се очекува да биде потпишан договорот.

Мартинез ќе го носи дресот на Барса до јуни 2025 година.

Од 2018 година ги бранеше боите на Атлетик Билбао со 152 настапи и шест голови. Претходно седум години беше дел од екипата на Реал Сосиедад. Со Атлетик Билбао успеа пред две години да го освои шпанскиот Суперкуп, а двапати беше финалист во Копа дел Реј.

По освоената титула во „Ла Лига“, Чави достави список со шест имиња до Лапорта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот