Фото: themayor.eu

Гостиварец измамен за 200.000 евра

На први јануари годинава во СВР Тетово 58- годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С.(58) од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици.

„Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и во Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција. Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот