„Google“ доби казна од 2,4 милијарди евра за прекршување на антимонополските прописи

Американската мултинационална корпорација Google е казнета од Европскиот суд на правдата  со 2,4 милијарди евра поради прекршување на антимонополските прописи со тоа што претпочиташе да ја промовира сопствената услуга пред конкурентите.

Во соопштението на Европскиот суд на правдата стои дека Google манипулирал со своите страници за пребарување за да ја истакне својата услуга за споредување на купување, прикажувајќи ја на истакнато место со „атрактивни слики и текстуални информации“. Поради тоа резултатите од конкурентските услуги беа помалку видливи.

Комисијата откри дека Google ги фаворизира резултатите од сопствената услуга за споредување на купувањето пред резултатите од конкурентските услуги, се наведува во извештајот.

Овој пристап, како што наведе судот, е јасна злоупотреба на доминантната позиција на Google на пазарот.

И покрај признанието дека доминантните компании понекогаш може да ги фаворизираат сопствените производи, судот нагласи дека таквото однесување мора да се оценува во специфичниот контекст на конкуренцијата и пазарната практика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот