Роман Головченко/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV / SPUTNIK / G / POOL

Головченко: Санкциите го блокираат белорускиот извоз во ЕУ и САД во вредност од 16-18 милијарди долари

Санкциите што беа наметнати на Белорусија го блокираа нејзиниот годишен извоз во вредност од 16-18 милијарди долари до Западот, објави новинската агенција Белта, цитирајќи го белорускиот премиер Роман Головченко.

Белорусија и Русија беа погодени од санкции откако Москва на 24 февруари испрати десетици илјади војници во Украина од руска и белоруска територија во, како што ја нарече, „специјална воена операција“ наменета за демилитаризација и „деназификација“ на нејзиниот сосед.

Украина и Западот велат дека фашистичките наводи се неосновани и дека војната е неиспровоциран акт на агресија.

„Поради санкциите, речиси целиот извоз на Белорусија во земјите од Европската унија и Северна Америка е блокиран“, рече Головченко.

„Ова изнесува околу 16 до 18 милијарди долари годишно“.

Претседателот Александар Лукашенко инсистираше на тоа дека Белорусија мора да биде вклучена во преговорите за решавање на конфликтот во Украина, велејќи исто така дека Белорусија била неправедно означена како „соучесник на агресорот“.

Белорусија, исто така, беше строго санкционирана минатата година по пресретнувањето на авионот на Рајанер што летал меѓу Атина и Вилнус и апсењето на новинарот и неговата девојка по слетувањето на авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот