фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Голманот Шчесни ќе го продолжи договорот со Барселона

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона и Војчех Шчесни (35) постигнаа согласност за продолжување на соработката, објави Фабрицио Романо.

Полскиот чувар на мрежата ќе потпише нов договор до летото 2027 година, а остануваат само да се прецизираат последните детали.

Каталонскиот клуб го увери Шчесни дека тој ќе продолжи да биде клучна фигура во тимот, без оглед на очекуваниот трансфер на Жоан Гарсија од Еспањол.

По повредата на Марк-Андре тер Штеген на почетокот на претходната сезона, Барса го потпиша Шчесни, кој брзо се етаблираше во тимот.

Полјакот одигра 15 натпревари во Ла Лига, во кои забележа осум натпревари без примен гол и прими просек од 0,8 гола по натпревар, демонстрирајќи стабилност и класа под притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот