„Големото уво“ што го прислушувало Мицкоски не слушало

По обелоденувањето на аферата односно скандалот со злоупотребата на безбедносните служби кој власта ја претставува како нова афера слична на „Големото уво“ и прислушуваните разговори кои ги пушташе поранешниот премиер Зоран Заев во кои имаше снимки со разговори на прислушуваните и Обвинителството кое го истражува следењето на тогашниот опозициски лидер, новинари и бизнисмени и Агенцијата за национална безбедност каде беше утврдена злоупотребата не потврдуваат дека тие биле незаконски прислушувани. Всушност и на брифингот со медиумите не беше споменато дека Мицкоски, функционери од тогашната опозиција или новинари биле прислушувани туку дека има индиции поранешниот директор и група вработени во АНБ непрофесионално и неетички вршеле оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозицијата и група новинари. Сепак Мицкоски ова го претстави како нов скандал – нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот

Обвинителството што го истражува следењето на некогашниот опозициски лидер, а сегашен премиер Христијан Мицкоски, но и Агенцијата за национална безбедност, која укажа на наводната злоупотреба, за „Слободен печат“ не потврдуваат дека споменатите „таргети“ (покрај Мицкоски, и новинари, медиуми и бизнисмени) биле незаконски прислушувани. Ако се навлезе во законските прописи и работата на службите и одговорите од институциите, произлегува дека не биле прислушувани, туку за нив била применета една од мерките од Законот за следењето на комуникациите.

– Агенцијата за национална безбедност со претставниците на медиумите, во рамките на дозволените законски граници, сподели информации во врска со работењето на Агенцијата во период од 2019 до 2024 година. Агенцијата за национална безбедност нема законска можност за примена на посебни истражни мерки, односно таа применува мерки за следење на комуникациите заради заштитата на интересите на безбедноста, утврдени во член 18, во точките 1, 2, 3 и 4 од Законот за следење на комуникациите – велат од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за „Слободен печат“.

Меѓу мерките за следење на комуникациите во овој член се,  следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации, следење и снимање во внатрешноста на објекти, затворени простории и предмети и влез во тие објекти, затворени простории и предмети, заради создавање услови за спроведување на мерката, следење и светлосно снимање на лица на отворен простор и на јавни места и следење и тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор и на јавни места.

Јавното обвинителство претходно соопшти дека тие немаат никаква можност за незаконско следење на комуникациите.

– Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Според Законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон – велат од Обвинителството.

Информациите за злоупотреби на службите ја сензибилизираа јавноста, која очекува Обвинителството да утврди дали примената на мерките била оправдана и законска и дали службите биле злоупотребени за пресметки со неистомислениците, а АНБ се користи во политички, предизборно, заради рејтингот на владејачката партија и политичката битка меѓу власта и опозицијата.

Функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да зборуваат за прислушување и нов скандал и афера, додека опозициската СДСМ е на линија со поранешниот Димовски – бараат декласифицирање на документите од АНБ.

Наќе Чулев: Неказнивоста може да предизвика повторна злоупотреба на службите во иднина

Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи како претставник на ВМРО-ДПМНЕ во последната техничка влада, кој беше вработен и во Агенцијата за разузнавање, во изјава за „Слободен печат“ вели дека Обвинителството мора итно да реагира.

– Јавно достапните информации за незаконско постапување во безбедносно разузнавачкиот сектор се уште еден доказ дека и по 35 години независност продолжува бруталната системска злоупотреба на службите за остварување политички, бизнис и лични интереси. Поразителен е фактот што дел од лицата кои беа дел од процесот на реформи на безбедносниот сектор и самите се дел од тие злоупотреби. Недозволиво е државните ресурси, кадровски, материјално технички и финансиски, службите да ги злоупотребуваат за прогон и за елиминирање на политичка опозиција, претставници на медиуми, правосудство и кој сè уште не, третирајќи ги како криминалци и најголема безбедносна закана за државата само поради идеолошко политички разлики или поради тоа што се перципираат како закана за тогашната владејачка гарнитура. Колективни жртви на таквата брутална злоупотреба истовремено се и членовите на нивните семејства што исто така минуваат низ голготата предизвикана од пишување лажни манипулативни извештаи. Затоа, ОЈО мора итно да реагира и во транспарентен судски процес да се изведат пред лицето на правдата сите оние раководители и вработени што бескрупулозно ги вршеле овие злоупотреби и манипулации, а сите граѓани, жртви на незаконско постапување на службите, да добијат соодветно обесштетување и рехабилитација. Неказнивоста може да предизвика повторна злоупотреба на службите во иднина – вели Чулев.

Тој смета дека ова треба да биде поттик да се направат строго експертски професионални реформи за модерен безбедносен систем што ќе биде демократски, одржлив, одговорен и транспарентен.

Димовски: Очекувам овој пат да нема криење

Функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да зборуваат за прислушување и нов скандал и афера, додека опозициската СДСМ е на линија со поранешниот Димовски – бараат декласифицирање на документите од АНБ, со што само го поддржуваат ставот на Виктор Димовски, кој беше директор на АНБ во посочениот период за наводни злоупотреби – од 2019 до 2024 година (мандатот му беше од 2019 до 2022 година). Тој децидно демантираше дека Мицкоски бил таргет врз кого биле применувани оперативно-технички мерки.

– Очекувам дека овој пат нема да има криење со изговори од типот „класифицирани информации со степен на државна тајна“, особено по последните неколку објави во некои „информирани медиуми“ што лифериваат конкретни имиња на лица што наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници – побара Димовски.

Од одговорот што го добивме од АНБ, Агенцијата нема да декласифицира документи јавно, туку единствено ако тоа го побара Јавното обвинителство за потребите на постапката.

– Агенцијата за национална безбедност, во врска со сите информации што се однесуваат на незаконско постапување, во согласност со законските обврски достави известување до надлежно јавно обвинителство. Доколку за потребите на постапката пред надлежниот орган се јави потреба за декласификација на документ чиј создавач е Агенцијата, а се во врска со доставените известување до Јавното обвинителство, Агенцијата за национална безбедност ќе постапи во согласност со прописите што ја регулираат предметната материја – велат од Агенцијата за „Слободен печат“.

Иако има индиции дека правеле злоупотреби, дел од вработените во Агенцијата сè уште се вработени таму, бидејќи директорот немал законска можност да поведе каква било постапка против нив, но нивните имиња се предадени во известувањата до Обвинителството.

– Според Законот за Агенцијата за национална безбедност, решение за изрекување на дисциплинската мерка на работникот се донесува во рок од шест месеци од денот на пријавување на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од 12 месеци од денот кога е сторена повредата. Во конкретниот случај станува збор за преземени мерки за контрола на законското и професионална работење на Агенцијата во период што е подолг од една година. Воедно, ве известуваме дека во поглед на сите податоци што укажуваат на незаконско постапување на работниците на Агенцијата, има доставено известување до надлежното Јавно обвинителство кое е определено со степен на класификација, поради што немаме можност за споделување подетални информации – додаваат оттаму.

Што беше кажано на брифингот во АНБ

На брифингот со медиумите не беше споменато дека Мицкоски, функционери од тогашната опозиција или новинари биле прислушувани, туку дека има индиции дека поранешниот директор и група вработени во АНБ непрофесионално и неетички вршеле оперативни обработки на опозицијата, на лидерот на опозицијата и на група новинари.

Мицкоски ова го претстави како нов скандал – нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот и се создаде перцепција во јавноста дека станува збор за ново „Големо уво“.

Сепак, поради големиот број афери за прислушување што досега ја тресеа земјава, а немаа никаква правна разрешница, јавноста очекува Обвинителството да утврди дали примената на мерките била оправдана и законска и дали службите се злоупотребувале за пресметки со неистомислениците, односно дали АНБ се користи во по

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!