Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Големи поплави во Бразил
Во најтешко погодените области изградени се повеќе од 9.000 метри дрвени мостови, попознати како маримба.
По обилните дождови во последните неколку дена реките околу бразилската метропола на Амазон, Манаус, денеска достигнаа рекордни нивоа и предизвикаа поплави.
Препорачано
Реката Рио Негро, која се влева во Амазон во близина на Манаус, го забележа највисокиот водостој од 1902 година – 29,98 метри, соопшти вчера мрежата Г1.
Во големата поплава во 2012 година оваа река се искачи на водостој од 29,97 метри. Нивото означено како „сериозна поплава” е 29 метри, а нивото на водата овој пат се очекува да надмине 30 метри.
Во Манаус од поплавите се погодени повеќе од 24.000 семејства и 15 области, а многу семејства мораа да ги напуштат своите домови, наведува мрежата Г1.
Во најтешко погодените области изградени се повеќе од 9.000 метри дрвени мостови, попознати како маримба.
Делови од пристанишната област и историскиот центар на Манаус се под вода. Водата е навлезена и во продавниците, а го поплавила и главниот пазар. На некои жители кои останаа во своите домови рибите им допливаа во кујните, јави Г1.
Поплавите ја погодија речиси целата држава Амазонија, каде се зафатени речиси 60 од 62 општини, а 450.000 лица се погодени од природната катастрофа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
9мин
-
17мин
-
25мин
-
25мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5