Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Голема реорганизација на болниците во Англија, се укинуваат повеќе од 100.000 работни места

Болниците во Англија би можеле да укинат повеќе од 100.000 работни места како дел од големото потресување и големите намалувања наредени од британскиот секретар за здравство и социјална заштита (NHS) Вес Стритинг.

Извршниот директор на NHS Англија, Џим Меки, изјави дека 215-те фондови кои обезбедуваат здравствена заштита низ Англија до крајот на годината треба да ги намалат за 50 отсто нивните корпоративни трошоци, како што се човечки ресурси, финансии и комуникации, пишува весникот Гардијан.

Доколку мерката би се применила на сите 215 фондови, тоа би можело да доведе до губење на работни места кои ќе се движат од 41.100 до 150.700, имајќи предвид дека тие вработуваат вкупно 1,37 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот