Фото: Facebook / Ministry of Tourism and Antiquities

Голема потрага во Египет: Исчезна златна алка стара 3000 години од музејот во Каиро

Властите ширум Египет трагаат по алка стара 3.000 години, која исчезнала од најголемиот музеј во Каиро.

Ретката златна алка, украсена со мониста од полускапоцен камен, потекнува од времето на владеењето на кралот Аменемoп, фараон од 21-та династија на древниот Египет, кој владеел од 993 до 984 година пред новата ера, пренесува Би-би-си.

Министерството за антиквитети соопшти дека презело итни мерки откако алката исчезнала од лабораторијата за реставрација на Музејот во Каиро и дека случајот е пријавен во полиција.

Фотографијата од алка е дистрибуирана до сите египетски аеродроми, пристаништа и копнени гранични премини како „мерка на претпазливост за да се спречат обиди за шверц“, наведе Министерството.

Покрај тоа, формиран е специјализиран одбор кој ќе направи попис и ќе ги прегледа сите артефакти што се чуваат во лабораторијата за реставрација.

Министерството соопшти дека намерно го одложувало објавувањето на веста за исчезнувањето на алката „за да се обезбеди соодветна средина за напредок на истрагата“, но не наведе кога вредниот накит бил последен пат виден.

Музејот во Каиро е најстариот археолошки музеј на Блискиот Исток. Во него се наоѓаат повеќе од 170.000 артефакти, вклучувајќи ја и позлатената погребна маска на Аменемoп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот