ЕPA-EFE/KHALED ELFIQI

Голема афера ја тресе Грција- проневерени 22,6 милиони евра земјоделски субвенции од ЕУ

Голема афера ја тресе Грција. Првичната истрага на грчките власти, која сè уште е во тек, откри дека износот на голема измама поврзана со земјоделските субвенции од ЕУ доделени на Грција, што е предмет на европска истрага, веќе достигна 22,6 милиони евра.

– Досега, грчките власти испитаа 6.354 случаи на барања за доделување на таа помош, од кои 1.036 беа утврдени како нелегални, а вкупниот износ неправедно доделен изнесува 22.667.522 евра – изјави министерот за внатрешни работи Михалис Хрисохоидис- пренесе Каматица.

Тој ги презентираше заклучоците од првичната истрага на грчките власти.

– Не е можно и не смее да се толерира некои незаконски да користат јавни ресурси – предупреди министерот на прес-конференцијата, додавајќи дека „овие средства се наменети за поддршка на грчката земјоделска економија, а не за нелегално и неправедно богатење на неколкумина.

Првите наоди се проследени до грчките судови и ќе има „конфискација на имотот на оние кои неоправдано ги добиле овие субвенции“, објави Хрисохоидис.

– Оние кои нелегално добиле европска помош се првенствено осомничени за „лажни изјави за сопственост на земјоделски парцели“ или „лажни изјави за сопственост на добиток“ – прецизираше министерот.

Европските истражители потоа посочија дека „значаен број“ луѓе примиле исплати врз основа на лажни декларации. Измамничките исплати најчесто се случиле на островот Крит, а некои медиуми и експерти посочија лични врски и корупција како причина.

Еден весник откри, врз основа на телефонски снимки, дека потпретседателот на OPEKEPE ги известил земјоделците однапред за инспекциите, на пример, за да им овозможи да го соберат исчезнатиот добиток што бил официјално пријавен за помош.

Аферата се претвори во скандал во Грција, што доведе до оставка на министерот, директорот на OPEKEPA и уште двајца високи грчки функционери, како и до укинување на таа организација. Според министерот за земјоделство Костас Киарас, таа организација годишно дистрибуирала повеќе од 3 милијарди евра на земјоделците, од кои повеќето отишле кај 680.000 луѓе.

Во јуни, Европската комисија веќе изрече високи казни за Грција за лошо управување со европските земјоделски субвенции помеѓу 2016 и 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!