фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Голем удар за Ливерпул: Алисон шест недели надвор од терените

Голманот на фудбалскиот клуб Ливерпул Алисон Бекер, во саботата на натпреварот против Кристал палас, се здоби со повреда на тетивата и се очекува да отсуствува околу шест недели, објавија денеска британските медиуми.

Бекер (32), членот на бразилската репрезентација го напушти теренот пред крајот на мечот Ливерпул-Кристал палас (1:0).

Според британскиот печат, тестовите покажале дека Бекер најверојатно нема да биде подготвен за игра пред крајот на репрезентативната пауза во ноември.

Доколку се потврди тој период на отсуство, голманот би можел да се врати за натпреварот против Саутемптон на 24 ноември.

Актуелниот лидер во Премиер лигата, Ливерпул на тој начин би можел да остане без својот искусен голман за натпреварите против Челси (20 октомври) и Арсенал (27 октомври).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот