Пожар / Фото: ДЗС

Голем пожар во скопската населба Илинден, огнот е блиску до куќите

Голем пожар избувна денеска во скопската населба Илинден, во непосредна близина на куќите, пренесуваат повеќе медиуми.

Според информациите, гори сува трева, што дополнително го разгорува огнот и го проширува пожарот кон домовите.

На терен се испратени екипи на противпожарната бригада кои се обидуваат да го локализираат пламенот и да спречат загрозување на објектите и на жителите.

Засега нема официјални информации од надлежните институции за причините за пожарот или за можни повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот