Голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци

Минатата вечер избил голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека пожарот бил локализиран во 1 и 30 по полноќ.

Интервенирале противпожарни единици од Кавадарци, со екипи од „Комуналец“, Шумско стопанство „Бор“ и екипи од Велес и од Неготино.

Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне, напиша градоначалникот Јанчев.

Откако пожарот бил локализиран, противпожарна екипа останала на терен да ја следи ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот