
Голем дел скопјани новата седмица ја започнаа без парно во домовите
Откако минатата недела повеќе од половина Скопје не доби парно греење за време на студениот бран кој го „погоди“ главниот град, од ЕСМ Македонија ниту тогаш, ниту сега не одговорија конкретно дали сите граѓани од 15 октомври ќе добијат парно во своите домови, со оглед на тоа што почнува грејната сезона.
Препорачано
Претходно, од ЕСМ Македонија образложија дека греењето било пуштено секаде каде што технички била исправна инсталацијата, а за фактот дека голем број домови останале ладни и незгреани, велат дека може тоа е последица од неплатени сметки за електрична енергија, нефункционална електрична инсталација или оневозможен пристап на службените лица до потстаницата.
„За успешна испорака неопходно е објектите да располагаат со технички исправни внатрешни инсталации. ЕСМ располага со список на домови што сè уште немаат греење. На овој список се евидентирани објекти кај кои, поради технички пречки, немање електрично напојување во топлинската станица, неплатени сметки за електрична енергија, нефункционална електрична инсталација или оневозможен пристап на службените лица до потстаницата, не постојат услови за испорака“, велат од компанијата.
Голем број скопјани ладниот „блицкриг“ го поминаа во незагреани домови

Иако на вебсајтот на ЕСМ Македонија последно објавиле дека испораката на топлинска енергија се одвива непречено и без проблеми, а тие посочија и дека во моментов само станарите на Карл Либкнехт број ‘ во Маџари немаат парно, бидејќи нивната потстаница, како што велат е исклучена поради неплатени сметки кон ЕВН.
Сепак, голем број граѓани на социјалните мрежи и во сандачето на „Слободен печат“ денеска се пожалија дека воопшто немаат парно.
Поплаките дојдоа од жители на многу населби од Аеродром, Гази Баба и други општини.
До објавувањето на овој текст, од ЕСМ Македонија не одговорија зошто голем дел од домовите останаа ладни, ниту пак дали ќе ги поправат сите дефекти до почетокот на грејната сезона, така што останува непознато дали сите домови во Скопје ќе добијат парно греење оваа грејна сезона.