
Голден Арт триумфираше над Вардар Неготино во ракометната Супер лига
Со конечен резултат 31:24 (16:7) Голден Арт го совлада Вардар Неготино во рамките од деветтото коло од тековното првенство во македонската ракометна Супер лига.
Препорачано
Со тоа играчите на Голден Арт врзаа две победи по ред. Од почетокот на натпреварот направија солидна предност од шест гола, до 12 минута резултатот беше 6:0. Гостите во првиот дел постигнаа само седум погодоци. Во 40 минута Голден Арт направив недостижна резултатска разлика од 10 гола и натпреварот беше решен.
Најпрецизни во победничката екипа беа Христијан Милошески со осум и Мице Шилегов со 5 погодоци. На спротивната страна Петре Пеовски имаше осум, а Драган Кузманов шест голови.
Во групата „Б“ Голден Арт е на петтата позиција со 13 бодови, додека Вардар Неготино е на последното осмо место со три.
Во групата „А“ исто така се одигра еден меч во неделата, Еурофарм Пелистер 2 со 33:26 го совлада Скопје 2020. На табелата Еурофарм Пелистер 2 е на шестото место со девет бодови, додека Скопје 2020 е осмопласиран со еден.
Суперлига (мажи)
Недела
Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 2 26:33
Голден Арт – Вардар Неготино 31:24
Суперлига (жени)
Недела
Астибо – Вардар 27:40
Шампион – Пелистер 19:24
ЖРК Скопје – Спартак 32:30
Овче Поле – Металург 19:27
Куманово – Ѓорче Петров 20:29
Табела по шест кола: Ѓорче Петров 18 бодови, Вардар 16, Чаир 16, Куманово 15, Металург 12, Стружанка 10, Пелистер 10, ЖРК Скопје 7, Овче Поле 7, Астибо 6, Спартак 3, Шампион 3, Деспина 0, Гевгелија 0.