EPA-EFE/NEIL HALL

Ѓоковиќ со победа во четири сета ја започна одбраната на титулата на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер го започна атакот на третиот грен слем трофеј оваа година.

Во дуелот со младиот англиски тенисер Џек Дрејпер, Новак Ѓоковиќ имаше проблеми само во првиот сет кој го загуби, но потоа рутински го совлада противникот со 4:6,6:1,6:2,6:2.
За време на првиот сет, бранителот на трофејот имаше проблеми со привикнување на новата подлога, неколку пати проклиза на тревата и тоа го наруши неговиот ритам на стартот. Тоа го искористи Дрејпер кој по 38 минути игра успеа да слави со 6:4.

Но, веќе од вториот сет Ѓоковиќ ја презеде доминацијата на теренот, ја врати сигурноста и самодовербата по што повеќе немаше закани од противникот. До крајот на мечот, Ѓоковиќ му дозволи на Дрејпер да освои само пет гемови за рутинска победа. Во второто коло, Ѓоковиќ го очекува подобриот од дуелот Кевин Андерсон и квалификантот Бариос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот