Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Го напушти Ерос Рамацоти за да биде во секта: Ова е Мишел која ќе биде домаќинка на финалната вечер на Евровизија 2025

Првото и второто полуфинале на Евровизискиот натпревар ќе ги водат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, комичарка и водителка, додека Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка која ја претставуваше Швајцарија на Евровизија во 1991 година и го освои петтото место.

Големото финале ќе се одржи во сабота, 17 мај, во 21 часот, а на водителките Хејзел и Сандра ќе им се придружи и третата водителка, Мишел Ханцикер.

Која е всушност Мишел Ханцикер?

Мишел (48) е швајцарско-италијанска телевизиска водителка и поранешна манекенка. Таа е најпозната по неуспешниот брак со Ерос Рамацоти (61). Тие се венчаа во 1998 година и беа во брак до 2009 година, иако официјално се разделија по четири години.

За време на нивниот брак, Ерос ѝ посветил една од своите најпознати песни „Piu bella cosa“, а во 1996 година ја добиле ќерката, Аурора. Со години нивниот развод беше обвиен во тајност, а ниту Мишел ниту Ерос не сакаа да ги откријат причините за раскинувањето, се до пред неколку години.

„Моите родители се разведоа кога бев дете, немав никаква врска со татко ми и мислев дека не ме сака. Затоа бев несигурна и паднав во сектата Воини на светлината, која се базира на минати животи“, изјави водителката пред неколку години за германскиот „Билд“.

Сектата ја отфрли нејзината можност за брак со Рамацоти

Сектата ѝ забранувала сексуални односи, мастурбација, алкохол и пушење, но многу полошо било тоа што ја одделувала од нејзината мајка, спречувајќи ја да има контакт со неа. Не ѝ било дозволено дури ни да има пријатели, а морала да се откаже и од манекенството.

„Ме принудија да ја напуштам агенцијата за модели и ме убедија дека морам да ги финансирам. Морав да им ги дадам сите мои пари, а се заканија и дека ќе ме убијат ако ја напуштам сектата. Ми рекоа дека мојот сопруг е лош кон мене, а јас го сакам“, рекла таа.

Таа додаде дека нејзиниот брак со Ерос завршил кога тој ѝ дал ултиматум.

„Ерос ми рече дека морам да ја напуштам сектата или ќе ме напушти. Јас ја избрав сектата“, призна поранешната манекенка. Таа напиша книга за целото искуство, „Навидум совршен живот“.

Подоцна, во 2014 година, таа се омажи за претприемачот Томас Трусарди, но тој брак траеше до 2022 година. Со него има две ќерки, Соле и Селест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот