
Го мерите крвниот притисок дома? Овој совет од кардиолог мора да го знаете
Мерењето крвен притисок стана вообичаено во лекарските ординации, а лекарите често ни советуваат да го правиме тоа и дома.
Препорачано
Според зборовите на кардиологот д-р Маџид Басит, „мерењата на крвниот притисок дома даваат многу попрецизна и посигурна слика во однос со едно мерење во лекарската ординација, каде што можеме да бидеме под стрес или вознемирени“.
Кардиолозите особено истакнуваат една клучна работа која никако не треба да ја прескокнеме: мерењето на крвниот притисок на двете раце.
„Проверката на крвниот притисок на двете раце е важна клиничка пракса, бидејќи може да открие васкуларни болести, да ја подобри точноста на дијагнозата и да овозможи побезбедно лекување“, објаснува кардиологот д-р Нина Вилијамс за „Парада“ (Parade).
Кардиологот д-р Ченг-Хан Чен додава: „Запишувањето на повисока вредност ни овозможува попрецизно да го таргетираме зголемениот крвен притисок кај пациентите“.
Ако има поголеми разлики – повторете го мерењето и следете ја ситуацијата
Разликите во отчитувањата помеѓу левата и десната рака може да имаат различни објаснувања. Според интервентниот кардиолог д-р Бредли Сервер, понекогаш станува збор за природни варијации, но поголемите отстапувања може да укажуваат на стеснување на аортата или на периферни васкуларни болести.
Сепак, д-р Вилијамс потсетува дека е нормално крвниот притисок да варира во текот на денот поради физичка активност, стрес, исхрана, температура или хормонален статус.
Ако, сепак, забележите значителна разлика помеѓу вредностите на левата и десната рака, препораката на лекарот е јасна: повторете го мерењето и следете ја состојбата со текот на времето.
„Ако забележите голема помеѓу едната и другата рака, повторете го мерењето за да ја исклучите грешката“, советува д-р Басит.
Кога состојбата e итна?
Доктор Чен, исто така, нагласува и итност во одредени ситуации: „Крвниот притисок над 180/120 може да претставува итна состојба што бара итна медицинска помош“.
Совети за прецизно мерење на крвниот притисок
Експертите препорачуваат следново:
– Мерење директно на кожата (не преку ракавот)
– Седнете исправено и опуштено
– Мерете двапати, со растојание од една минута
– Избегнувајте кофеин и пушење непосредно пред мерењето
– На овој начин, резултатите ќе бидат што е можно поточни и покорисни за вашето здравје.