twitter/Ederson Moraes

Главоболки за Гвардиола, на дербито против Ливерпул без првиот голман

Бразилецот се повреди на вчерашниот дуел од Лигата на шампионите против Аталанта поради што мораше да биде заменет на полувремето. Во овој момент не се знае колку е сериозна повредата на Едерсон, но менаџерот Пеп Гвардиола најавува дека неговиот тим најверојатно ќе биде ослабен за неиграњето на Бразилецот на „Енфилд“.

– Едерсон почувствува болка во мускулот во финишот на првото полувреме. Не се чувствуваше добро на теренот и не сакавме да ризикуваме па затоа го заменивме. Засега изгледа дека повредата не е многу сериозна но не можам да ветам дека ќе настапи против Ливерпул, дури не знам дали ќе патува со нас во Ливерпулл – изјави Гвардиола.

twitter/manchestercity

Едерсон на средбата со Аталанта беше заменет со Клаудио Браво и доколку Бразилецот не биде подготвен за настап, во недела токму тој ќе брани против Ливерпул. Интересно е што на дуелот со Аталанта, Браво заработи црвен картон и на голот застана дефанзивецот Кајл Вокер кој имаше неколку интервенции.


– Знаете, на тренинзите често им се смеам на голманите, но сега сфатив колку е тешко да се одбранат некои шутеви – изјави Вокер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот