Фото: Инстаграм/ kimkardashian

ФОТО | Главниот осомничен за грабежот на Ким Кардашијан во кој ѝ беа одземени 10 милиони долари, ненадејно почина

Еден од клучните осомничени за грабежот на Ким Кардашијан во Париз во 2016 година, во кој ѝ беа одземени 10 милиони долари, Марсо Баум-Гертнер, починал ненадејно. Според „Дејли мејл“, Марсо, починал на 6 март, но веста е објавена дури сега.

Причината за неговата смрт сè уште не е позната.

Марсо е обвинет за соработка со бандата која ја држеше Кардашијан под закана со оружје во 2016 година.

Судењето на 72-годишникот требаше да започне утре, заедно со другите обвинети, откако беше обвинет за вмешаност во грабежот.

Патем, Ким ќе сведочи на судењето за париската банда за која се тврди дека стои зад грабежот. Иако веќе дала изјава, се очекува да повтори што сѐ случило таа кобна ноќ.

Пред смртта Баум-Гертнер одбил да ги именува другите вклучени во грабежот за време на сослушувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот