Хаити / Фото EPA-EFE/Mentor David Lorens

Главниот меѓународен аеродром на Хаити е повторно отворен, по неколку недели насилство

Главниот меѓународен аеродром на Хаити во Порт-о-Пренс е повторно отворен, речиси три месеци откако беше принуден да се затвори поради смртоносното насилство поврзано со бандите.

Еден комерцијален лет го напушти главниот град во понеделникот, а подоцна слета во Мајами, Флорида. Оваа недела се очекуваат повеќе летови.

Преодните власти на Хаити се надеваат дека сега ќе почнат да пристигнуваат уште многу потребни основни материјали – како што се лековите, а заробените странци ќе можат да ја напуштат сиромашната земја. Но, бандите сè уште контролираат голем дел од главниот град, а главното пристаниште на Хаити останува затворено.

Летот во понеделникот го организираше хаитинската компанија Санрајс Ервејс, која склучи договор со чартер авиопревозникот Ворлд Атлантик со седиште во Флорида. Наводно, полетувањето било одложено речиси два часа, при што патниците се жалеле на загушливи услови во авионот. Сепак, локалните жители изјавија дека се среќни што ќе можат повторно да патуваат.

„Има илјадници луѓе кои сакаа да патуваат, но одредено време не можеа да патуваат. Имам свој шатор во кој морав да живеам повеќе од три месеци. Многу луѓе страдаа“, изјави Роузмонд Дезир за АП ТВ Њуз.

До понеделник, единствениот оперативен аеродром беше во северниот град Кап-Хаитиен. Но, многу Хаиќани не можеа да стигнат таму поради континуираното насилство од бандите во и околу главниот град. Се очекува американските авиокомпании да ги обноват своите летови до Порт-о-Пренс до крајот на мај или почетокот на јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот