Луѓе пазарат во маркет / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Гласен Тестилец“ апелира да не се прават залихи пред бојкотот на 31 јануари

Од ова Здружение сметат дека е неприфатливо лебот да чини речиси едно евро и дека се неприфатливи овие високи цени во услови на ниски примања

Здружението „Гласен Текстилец“ ги повика граѓаните да го поддржат бојкотот на маркетите овој петок на 31 јануари. Одтаму нагласуваат дека како организација немаат ништо против вработените во маркетите, туку се против високите цени кои не опкружуваат.

– Неприфатливо е лебот да чини речиси едно евро. Неприфатливи се овие високи цени во услови на ниски примања. Време е да застанеме и да поставиме црвена линија против постојаните и радикални поскапувања на секојдневните трошоци. Апелираме да не се прават залихи од намирници пред бојкотот. Не купувајте преголеми количини во четврток – само така бојкотот ќе има вистински ефект – порачаа од „Гласен Текстилец“.

Тие како позитивен пример го издвојуваат искуството од Хрватска, каде граѓаните организираа масовен протест, изразувајќи незадоволство од високите трошоци за живот.

– Резултатот беше намалување на продажбата во маркетите за 50 отсто во еден ден. Оваа акција ги инспирираше соседните земји да преземат слични чекори, а дел од продуктите добија намалување на цените дури до 50 отсто. Ова е повеќе од важно! За нас се работи – порачаа од ГТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот