
Ѓумбир – новата ѕвезда меѓу „чудотворните напитоци“
Сè почесто, токму напитокот од ѓумбир ја симнува водата со лимон од тронот на најпопуларните утрински ритуали.
Препорачано
Исто како и водата со лимон, овој пијалак се препорачува да се пие наутро на празен стомак. Ѓумбирот е цветно растение чиј корен се користи во храната, а токму овој корен се вари или се става во блендер. Освен што содржи витамин Ц, магнезиум и калиум, има и голем број позитивни ефекти врз здравјето.
Свежиот ѓумбир може да реши многу дигестивни проблеми, а воедно одвреме навреме можете да си приготвите и чај од ѓумбир кога сте болни.
Овој навидум скромен корен нуди многу повеќе отколку само намалување на надуеноста и проблемите со желудник. Всушност, ѓумбирот не само што може да му помогне на вашето тело да се бори против микробите како ешерихија коли и шигела, туку и ги минимизира штетните бактерии во устата, ја намалува болката во мускулите и симптомите на артритис, па дури може и да го забави растот на одредени видови на рак.
Докажано е дека ѓумбирот помага и при намалување на шеќерот во крвта, помагајќи му на организмот поефикасно да користи инсулин.
Се разбира, најчестата хомеопатска употреба на ѓумбир е да се намали чувството на гадење, но она што можеби не сте го знаеле е дека студиите покажуваат дека ѓумбирот може да биде дури и доволно потентен за да ја ублажи утринската мачнина и гадење предизвикано од хемотерапија.
Причината за тоа што е толку ефикасен може да има некаква поврзаност со намалување на гасовите во цревата, им помага на природните дигестивни ензими во телото и го зголемува движењето низ дигестивниот тракт, ослеснува и спречува проблеми на запек.
Ако секој месец се справувате со непријатни грчеви предизвикани од менструалниот циклус, ѓумбирот може да ви помогне.
Според една студија од 2022 година, жените кои земале додаток на ѓумбир во прав три дена во текот на нивниот циклус, пријавиле помалку тешки грчеви и пократко времетрање на болката, во споредба со оние кои земале плацебо.
Покрај овие придобивки, редовната консумација на ѓумбир може да помогне и во намалување на „лошиот“ холестерол, па дури и да помогне при слабеење.
Сето тоа е благодарение на високото ниво на антиоксиданти и антиинфламаторни својства во соединенијата кои на ѓумбирот му го даваат заштитниот знак на интензивен вкус и мирис.
Високите нивоа на антиоксиданси функционираат во заштита на ДНК од присуство на слободни радикали и оксидативен стрес, што исто така помага да се спречат хронични заболувања, вклучително висок крвен притисок или срцеви заболувања, дозволувајќи му на телото здраво да се справува со чинот на стареење.
Значи, без разлика дали ќе си сварите чај од свеж ѓумбир или ќе додадете малку рендан ѓумбир во храната или едноставно во комбинација со мед, никако нема да погрешите.