Фото: Фејсбук

Ѓорѓиевски: „Егзит“ доаѓа во Скопје

Kандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски денеска се сретнал со основачите на фестивалот „ЕXIT“ и информира дека е постигнат договор од следната година Скопје да биде нова дестинација каде ќе се одржува оваа манифестација, доколку победи на претстојните локални избори во октомври.

„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто,“ изјави Ѓоргиевски.

Тој додаде дека според него, со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот