Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Ѓорческа со новите поени напредуваше на ВТА ранг листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235 место.

На новото рангирање има седум поени повеќе односно 319, за пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за едно место – 373, со истиот број на поени – 226.

Магдалена Стоилковска, пак има пад за една позиција и се наоѓа на 1212 позиција со девет поени.

На врвот е Ига Швјонтек од Полска со 10,300 поени, пред второпласираната Арина Сабаленка (8,905), а на третото место е Американката Коко Гоф (7,110).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот