Фото: mtftennis.mk

Ѓорческа продолжи со одличната форма: Ќе игра и финале!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличната форма и ќе се бори за нов трофеј оваа сезона. Таа обезбеди пласман во финалето на фјучерс турнирот што се игра во романскиот град Слобозија, откако денеска ја совлада Мариа Попа со убедливи 6-1, 6-4.

Ѓорческа беше одлична во првиот сет, кој го реши во своја корист за само 30 минути, препуштајќи ѝ само еден гем на противничката. Во вториот сет романската тенисерка пружи поголем отпор, но македонската тенисерка остана фокусирана и со еден клучен брејк го потврди патот до финалето.

Во борбата за трофејот, утре ќе се сретне со уште една домашна натпреварувачка, Елена Бертеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот