
Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ турнирот во Романија
Успешен старт имаше македонската тенисерка Лина Ѓорческа на ИТФ турнирот во W50 Слобозија, Романија. Третата носителка Ѓорческа денеска во првото коло ја совлада домашната тенисерка Симона Огесгу со 2-0 во сетови (6:3, 6:2) по 88 минути игра.
Препорачано
Во првиот сет стартните четири гема ги освојуваше тенисерката која беше на сервис и резултатот беше 2:2, а првиот брејк го направи Ѓорческа.
Во деветтиот гем Лина го освои гемот на свој сервис без загубен поен и со тоа најави освојување на првиот сет, кој го доби со 6:3 во гемови.
Во вториот сет македонската тенисерка имаше предност од 2:0, а потоа водеше и со 3:2 во гемови и со три гема во низа го заврши сетот со 6:2 искористувајќи ја првата меч топка за конечен триумф во стартниот меч.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против уште една тенисерка од Романија Бланка Барбулеску (настапува со вајлд карта), која триумфираше во мечот со квалификантката Кристина Новак од Словенија со 6:3, 6:2.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5