Новата административна зграда на Општина Ѓорче Петров/ Фото: Фејсбук

Ѓорче Петров ќе добие нов лик, изгласан ДУП-от за градска четврт С3 16

Советот на Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Советот без ниту еден глас против, го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров, со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, истакна градоначалникот Стојкоски.

Изгласаниот ДУП се простира на делот од новиот кружен тек помеѓу Ѓорче Петров и Влае, непосредно до населбата Александрија, па се до наплатниот пункт на ЕВН непосредно пред мостот кон Даме Груев, со што се опфаќа целиот простор спроти пазарот во Ѓорче Петров.

Со урбанизирање на овој дел од општината, се овозможува изградба на ново основно училиште,  детска градинка, парк од 10.000м2 во срцето на Ѓорче Петров, дополнителни нови 8,5 хектари зеленило надвор од градежните парцели (повеќе од предвидениот законски минимум) како и детски игралишта, спортски центар, нов трговски центар, развојни погони, катна гаража и ново булеварско решение.

-Огромна благодарност до Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров кој во изминатиот период макотрпно работеше на изработката на овој план и со голема желба настојуваше ДУП-от за градска четврт СЗ 16 да биде донесен, со што ќе можеме да го разубавиме и развиеме Ѓорче Петров, додаде Стојкоски.

Според него овој план ги исполнил сите урбанистички норми и ќе претставува пример како секој план треба да биде донесуван во партнерство со граѓаните. За овој план позитивно мислење покрај граѓаните, дадоа сите вклучени институции, вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана.

-Денешниот ден ќе биде запаметен како денот кога Ѓорче Петров доби нов лик и стана општина којашто ги поседува сите потребни елементи на секојдневното живеење, место кое што ќе ги задоволи потребите на сите категории жители во нашата општина, завршува Стојкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот