фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Ѓоковиќ со пресврт до полуфиналето на мастерсот во Шангај

Во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, Новак Ѓоковиќ го победи младиот Чех Јакуб Меншик со 2:1 (6:7, 6:1, 6:4), иако првиот сет го загуби во тај-брејк.

Следен ривал на српскиот тенисер во полуфиналето ќе биде Тејлор Фриц кој претходно беше подобар од Белгиецот Давид Гофан со 6:3 и 6:4.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет по тај-брејкот со 7:6 (4), иако во тој дел од мечот водеше со 3:0. Ѓоковиќ добро го отвори вториот сет, доби гем на свој сервис, па направи брејк за водство од 2:0, а набрзо на семафорот стоеше 3:0. Потоа успеа да намали на 3:1 Меншик, а по 30:0 на сервис на Ѓоковиќ, Чехот успеа да дојде до 30:30. Тој, сепак, не се предаде најдобриот светски тенисер на сите времиња, па набрзо освои два поени и стигна до убедливи 4:1. Форхендот му се врати на Ѓоковиќ во вториот сет, па тој рутински го доведе до крај. Следеше нов брејк за 5:1, а Ѓоковиќ ја заврши работата со својот сервис на 6:1.

Во третиот сет Ѓоковиќ пропушти можност да му го одземе сервисот на Меншик при резултат 1:1. Имаше две брејк топки, но Меншик се врати во игра со одлични сервиси. Сепак, она што не му успеа тогаш беше на следниот сервис на Чехот, па по паузата поведе со 3:2. Следуваше серија грешки на Јакуб Меншик, па набрзо беше 4:2 Ѓоковиќ и покрај тоа што имаше одредени проблеми со ногата.

До крајот на третиот сет најдобриот светски тенисер го задржа својот сервис и се пласираше во полуфиналето.

Во второто полуфинале ќе се сретнат првиот носител Јаник Синер од Италија и Томаш Махач од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот