фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Ѓоковиќ: Сите очекуваат финале помеѓу Алкараз и Синер, тука сум да им ги расипам плановите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да дојде до полуфиналето на САД Опен каде што ќе се сретне со Карлос Алкараз и на тој начин ќе ја продолжи битката за неговиот 25. грен-слем трофеј во кариерата.

Сепак, Алкараз игра во добра форма и на Ѓоковиќ сигурно нема да му биде лесно и за тоа е свесен и самиот.

„Не треба да трошиме зборови за Синер и Алкараз, во моментов тие се најдобри на светпот и сите очекуваат финале меѓу нив двајца, но јас сакам и ќе се обидам да им ги расипам плановите. Синер мора да победи уште два меча за да стигне до финалето, но тие сигурно играат најдобар тенис од сите останати. Сигурно нема да излеаам со бело знаменце, без разлика што тие играат најдобар тенис во светот“, рече Ѓоковиќ.

Вкупно во кариерата, Ѓоковиќ одигра осум меча против Алкараз во кој има скор од 5-3. Полуфиналето на програмата в петок рано наутро.

ВИДЕО: Публиката му правеше проблеми, Ѓоковиќ имаше одговор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!