фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Ѓоковиќ по триумфот над Лехечка: Се чувствувам одлично, имаше неколку тешки моменти

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека е задоволен од победата против Чехот Јиржи Лехечка во осминафиналето на Австралија Опен, објави денеска Еуроспорт.

Ѓоковиќ денеска го совлада Лехечка со 6:3, 6:4, 7:6 (7:4) за четвртфинале на првиот грен слем турнир оваа сезона.

– Се чувствувам одлично, имаше неколку тешки моменти. Успеав да направам брејк во третиот сет, тој успеа да се врати со рибрејк. Сосема поинаков противник од моите претходни. Сепак, брилијантно ги одиграв тие големи поени – изјави Ѓоковиќ во интервјуто со Барбара Шет.

Српскиот тенисер потоа одговори на прашањето како се справува со тоа да биде перфекционист.

– Мораме да се справиме со тоа. Понекогаш сум во сето ова, понекогаш се преиспитувам, мислам. Само тие што биле тука знаат за што зборувам. Кога чувствувате предизвик, тогаш се обидувате да го надминете. Помага ако успеете. Начинот на кој поминав низ сето ова помага за следниот меч – додаде Ѓоковиќ.

Потоа ја коментираше соработката со новиот тренер Енди Мареј.

– Сѐ е едноставно. Долго време ги гледав сите тие лица, а сега прв пат го гледам него како тренер. Тој многу добро знае низ што поминувам. Особено во оние моменти кога има притисок. Играш против тенисер кој те предизвикува, а Мареј ми дава многу енергија од тој агол – истакна српскиот тенисер.

Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот