Фото: EPA/BRIAN HIRSCHFELD

Ѓоковиќ по победата ги загрижи фановите: Не се чувствував добро

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, со убедлива победа во три сета го започна својот поход кон рекордната 25. грен-слем титула, откако во првото коло на САД Опен го совлада младиот Американец Лирнер Тиен со 6-1, 7-6, 6-2. Но, и покрај резултатски чистиот триумф, Ѓоковиќ отвори дилеми околу неговата физичка подготвеност.

Ѓоковиќ блесна во првиот сет и за само 23 минути му препушти еден единствен гем на својот противник, но проблемите започнаа во вториот. Се бореше со изненадувачка физичка криза, нешто што ретко се гледа кај него.

„Започнав одлично и навистина се чувствував добро, но во вториот сет физички се почувствував лошо. Немам повреда, но многу тешко се опоравував по долгите поени. Тоа ме загрижи, бидејќи ми го продолжува престојот на теренот, а тоа на долг рок на турнирите не е добро“,  изјави Ѓоковиќ по мечот.

Американскиот тинејџер Тиен, кој настапуваше без притисок, успеа да го одведе вториот сет во тај-брејк, дури и беше на сервис за сет при водство од 5-4. Но, искуството и менталната стабилност на Ѓоковиќ повторно дојдоа до израз – го спаси гемот, а потоа и го освои сетот во тај-брејкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот