Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ѓоковиќ нема да настапи на АТП купот во Сиднеј

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ одлучи дека нема да учествува на АТП купот кој ќе се одржи од 1 до 9 јануари 2022 година.

Српскиот ас беше пријавен за овој турнир, но одлучи да не настапи. Него ќе го замени Филип Крајиновиќ, а во тимот се и Душан Лајовиќ, Матеј Сабанов, Никола Чачиќ и Никола Милојевиќ.

Во Сиднеј (Австралија) нема да патува ни селекторот на Србија, Виктор Троицки. Србите на АТП купот се во групата со Норвешка, Чиле и Шпанија.

И натаму не е познато дали Ѓоковиќ ќе игра на грен слем турнирот „Австралија Опен“, што ќе се организира во средината од јануари.

Доколку причината за неговото неиграње во АТП купот е одмор, првиот рекет во светот можеби ќе настапи во Мелбурн. Но, доколку причината е вакцинацијата, можеби нема да можеме да го видиме Ѓоковиќ во Австралија следната година.

Познато е колку тенисери се вакцинирани и ќе можат да настапат на Австрлаија Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот