фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Ѓоковиќ ќе игра заедно со Кирјос на турнирот во Бризбејн

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшти дека ќе игра со Србинот Новак Ѓоковиќ во двојки на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија.

Ѓоковиќ и Кирјос претходно најавија дека ќе играат во сингл конкуренција на турнирот во Бризбејн, кој е закажан од 29 декември до 5 јануари.

Сепак, австралискиот тенисер денеска на социјалните мрежи објави дека на турнирот во Бризбејн ќе игра и во конкуренција на двојки со Ѓоковиќ.

Британските медиуми потсетуваат дека Кирјос ќе се врати на терените на турнирот во Бризбејн по 18-месечна пауза поради повреди. Својот последен официјален меч го одигра во јуни 2023 година.

Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната на турнирот во Бризбејн, и за српскиот тенисер ќе послужи како подготовка за претстојниот Австралија опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!