фото: EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Ѓоковиќ го совлада и Кепфер за четвртфинале на Олимписките игри во Париз

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува успешно на Летните олимписки игри во Париз, Франција, на патот кон освојување на златниот медал.

За 86 минута игра Ѓоковиќ успеа да го совлада Доминик Кепфер од Германија со резултат 2:0 во сетови 7:5 и 6:3.

За Србинот ова е 16 победа на Олимписките игри, и историски, четврти пласман во четвртфиналната фаза на олимпискиот турнир.

Во следната фаза Ѓоковиќ ќе игра против тенисерот од Грција, Стефанос Циципас, кој беше подобар од Себастијан Баез од Аргентина со 7:5 и 6:1.

Во останатите осминафинални мечеви се среќаваат: Зверев – Попирин, Мусети – Фриц, Руд – Серундоло, Ожер-Алијасим – Медведев, Муте – Пол и Сафиулин – Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот