фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Ѓоковиќ го сели АТП турнирот од Србија во Грција?

Откако Новак Ѓоковиќ пред еден месец јавно застана на страната на студентите во нивниот протест против власта на Александар Вучиќ, ситуацијата околу најдобриот тенисер на светот станува сè потензична. Поддршката која ја изрази кон демонстрантите предизвика реакции во Србија, но и бран шпекулации околу неговата лична и професионална иднина.

Српските и странските медиуми почнаа да пишуваат дека Ѓоковиќ сериозно размислува за преселба од Србија во Грција. Се пишуваше и дека тој веќе барал нов дом и училиште за своите деца во Атина, а сега се отвора и прашањето околу иднината на неговиот АТП-турнир.

Грчкиот портал „СДНА“ објави дека турнирот од 250 серијата, кој досега се одржуваше во Белград, оваа есен ќе се премести во Атина. Натпреварите се планирани за периодот од 2 до 8 ноември, што би значело преседан во српскиот тенис.

„Како што е познато, односот на Ѓоковиќ со српскиот претседател се нарушени по трагедијата во Нови Сад и поддршката на тенисерот кон студентите“, наведува грчкиот медиум.

Сè уште нема официјална потврда од тимот на Ѓоковиќ, но изгледа дека политичките случувања во Србија почнуваат да оставаат траги и во спортската сфера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот