Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ѓоковиќ без проблеми до четвртфиналето во Париз

Новак Ѓоковиќ немаше проблеми и како што се очекуваше го совлада Карен Хачанов на последниот Мастерс во годината.

Ѓоковиќ во Париз славеше победа од 2:0 во сетови. До победата српскиот тенисер стигна за еден час и 27 минути игра. Русинот беше немоќен, парираше само во првиот сет, а потоа целосно се распадна пред фуриозниот Новак.

Мечот беше отворен со по еден брејк на двете страни, а Ѓоковиќ во десеттиот гем направи исчекор и го доби сетот со 6:4. Хачанов немаше никакви шанси во вториот сет, Ѓоковиќ доминираше и го доби сетот со 6:1.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Лоренцо Мусети кој претходно приреди изненадување и го елиминираше Каспер Руд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот