Основен кривичен суд / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Ѓаволот преку адвокатот понудил недвижен имот за да добие поблага мерка

Љупчо Пецов Ѓаволот осомничен во случајот со финансиски криминал „Синџир“ преку неговиот адвокат Фехми Стафа барал од Кривичен да му биде заменет притворот со поблага мерка и за тоа понудил гаранција во недвижен имот, но од Кривичен засега велат дека немале податок дали Ѓаволот е тука.

Од одговорот што го добивме од Кривичниот суд произлегува дека за неговото барање за поблага мерка Судот се уште одлучува, но ако МВР го уапси треба да оди во притвор, затоа за него се уште е активно решението на Судот да му се определи притвор, се додека не биде донесена поинаква одлука.

– Во однос на Вашето прашање и извршените проверки Ве известуваме дека на 03.11.2023 година по предлог на Основното јавно обвинителство, за конкретното лице е прифатен предлогот за определување мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода со оглед да истиот не бил достапен за органите на прогон во тој момент. Изминатиот период неговиот бранител до судот има доставено предлог за укинување на мерката притвор односно нејзина замена со поблага мерка за обезбедување со понудена гаранција во недвижен имот, кој предлог е доставен на мислење до надлежното обвинителство, а по кој предлог дополнително треба да се одлучува. Односно во моментов за лицето се уште е активно решението со кое му е определена мерка притвор од негово пронаоѓање – велат од Кривичен во одговор за „Слободен печат“.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде стигнал неговиот прв предлог на мислење го лоцирало ѓаволот на видео камери и утврдило дека осомничениот за кој не беше покренато обвинение си се шета слободно, додека за него има распишано меѓународна потерница, утрово соопшти дека до нив стигнале два предлози на мислење од Кривичниот суд, додека Судот споменува само еден предлог.

За првиот предлог велат дека не било ни одлучувано бидејќи бил повлечен, но не навлегуваат во детали зошто бил повлечен и бил поднесен нов предлог.

„Слободен печат“ објави дека Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција се шета низ Македонија додека Министерството за внатрешни работи официјално го бара во други држави со распишана меѓународна потерница.

Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот