Лазаров и Бојан Јовановски на гивавај настанот во Штип/Фото: Скриншот

Гивавеј настанот на Лазаров и Боки 13 под лупа на Финансии и инспекторите

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вечерва влегле на настанот во локал во Штип организиран од Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Стефан Лазаров поради организирање на наградна игра без дозвола, објави Радио Лидер.

Од Министерството за финансии за Канал 5 соопштија дека во понеделник ќе спроведе контроли кај Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и инфлуенсерот Стефан Лазаров, поради сомнежи за организирање на наградни игри без соодветна дозвола.

Во дописот од Министерството, се нагласува дека тие немаат доставено барање за добивање согласност, ниту, пак, е издадена дозвола за приредување на наградна игра согласно Законот за игри на среќа и забавните игри.

„Во понеделник, надзорните органи од Министерството за финансии ќе извршат контроли и, доколку се утврдат нерегуларности, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот“, стои во соопштението.

Министерството смета дека „гивавеј“ активностите, кои сè почесто се појавуваат на социјалните мрежи, не се директно регулирани со постојниот закон за игри на среќа. Затоа, се разгледуваат можности за воведување на законска регулација за ваквите активности.

Настанот се уште се пренесува во живо на ЈуТјуб каналот на Стефан Лазаров, а на почетокот и Боки 13 доделуваше награди но по музичката пауза се повлече од сцената и Лазаров нагласи дека заминал поради примање на терапија.

Бојан Јовановски во петокот доби продолжен прекин од 90 на издржувањето на затворската казна врз основа на медицинска документација од лекарски конзилиум.

Од Кривичниот суд велат дека судијата за извршување санкции нема законска надлежност да ја проверува веродостојноста на медицинската документација, туку постапува исклучиво врз основа на поднесените докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот