
Гирото стана луксуз за туристите во Грција, но и тоалетната хартија и маслинките
Традиционалната грчка храна гиро стана вистински „луксуз“ за „обичните туристи“. Милиони туристи од Македонија и соседството летуваат во Грција секоја година, и сметаат дека ова е најповолна дестинација за одмор. На страницата „Грчка инфо“ на Фејсбук, која брои повеќе од 380.000 членови, корисниците прашуваат какви се овогодишните цени на пакет-аранжманите, како и најновите цени на намирниците. Еден од корисниците изјави дека цените на лежалките во Полихроно се разликуваат, додавајќи дека најчесто се бесплатни ако нарачате пијалак, а најевтината е четири евра. Гирото пак е со цена од пет до 15 евра. За љубителите на пиво, мало пиво чини шест евра, а големо пиво седум евра, но за оние кои сакаат да си го ограничат паричникот и да платат за оброк во ресторан, комбинација од две пива, две гира и дополнителна салата чини 14,80 евра. Од друга страна, оние кои ќе одлучат да купат цело пиле, треба да издвојат 10 евра.
Има промоции во речиси секој ресторан, па за 10 евра можете да нарачате пилешки батаци со помфрит и домат.
Препорачано
Цените варираат и во супермаркетите. Според туристите, супермаркетот во Полихроно е еден од поповолните.
За килограм домати, треба да потрошите 1,40 евра, литар и пол флаширана вода е 1,79, сечен леб од 2,21 до 2,42 евра, млекото од 2,10 до 3,86, додека грчкото фета сирење чини од 6,97 до 12,78 евра. Од друга страна, некои туристи истакнуваат дека во Неа Врасна има мега продавница со попуст, која е уште поповолна отколку во Полихроно, а други посочуваат дека најевтино е пазарувањето во Ханиоти.
Листата на приближни цени што ја објавија во пресрет на летната сезона би можела да ви помогне во планирањето на вашиот буџет. Така салфетки чинат 1,28 евра, кечап 1,40 до 5,14 евра, мајонез 2,85 евра, кесичка супа 1,23 евра, литар масло 2,19 евра, маслиново масло од 7,28 до 13,45 евра, течен сапун – 1,62 евра, тоалетна хартија – 4,79 евра, шпагети 1,08 до 1,74 евра, пакување јајца – 2,79 евра, килограм месо чини 7,83 евра, а килограм пилешки батаци чини 2,69 евра. За солени грицки ќе платите 1,50 евра, кока-кола 1,5 литри – 1,99 евра, литар сок од портокал во тетрапак 1,23 евра, а сладолед 1,35 до 3,35.
Овошјето е многу скапо. Љубителите на јагоди мора да издвојат пет евра за килограм, лубеницата чини 1,50 евро, а бананите 1,20. Сепак, сите овие цени треба да се земат малку со резерва бидејќи сезоната сè уште не е започната, па можеме да очекуваме и повисоки цени.