Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК

Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

– Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што покажа загриженост и поведе прашања кои ги тангираат и граѓаните и институциите. Вистина е дека сите тие препораки кои што произлегуваат од ДКСК, а се неимплементирани е загрижувачки за сите нас, изјави Гир во одговор на новинарско прашање.

Тој подвлече дека низ текот на годините опаѓа процентот на имплементацијата на препораките кои произлегуваат од ДКСК.

– Ако ги разгледате сите препораки кои произлегуваат од ДКСК, како и процентот на нивна имплементација низ текот на годините, ќе забележите дека од 20 отсто паѓаат на 10 отсто, па се до неодамна на 14 отсто. Тоа навистина е многу разочарувачки и со право граѓаните очекуваат да има висока имплементација на нивните препораки. Сите препораки кои што произлегуваат од извештајот на Државниот ревизор и на ДКСК не се тајни. Тие се јавно достапни и ние но и граѓаните очекуваат да бидат доследно имплементирани, додаде Гир.

Пет години мандат на ДКСК: Судските разрешници против функционерите аманет за идните антикорупционери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот